Service Victoria

Дознајте како да пристапите до владини услуги користејќи ја интернет-страницата Service Victoria и апликацијата Service Victoria.

Добре дојдовте во Service Victoria

Service Victoria ви овозможува да пристапувате до владините електронски услуги лесно и практично.

  • Можете да ја посетите интернет-страницата Service Victoria на service.vic.gov.au користејќи го веб-прегледувачот на компјутерот или мобилните уреди.
  • Исто така, можете да ја преземете апликацијата Service Victoria (Service Victoria app) од официјалната продавница за апликации за вашиот мобилен телефон.
Интернет-страница Service Victoria

Што можат да направат владините услуги за мене?

Освен за да управувате со вашите лични податоци, можете да ги користите владините услуги за да:

  • заштедите пари пријавувајќи се за попусти
  • се пријавите за попусти или картички за попусти
  • најдете загубени пари
  • да проверите кога треба да ја обновите регистрацијата на вашето возило.

Интернет-страницата service.vic.gov.au ги содржи сите услуги до кои можете да пристапите електронски, како и информации и водичи. Најдобро е да ја користите со компјутер.

Апликацијата Service Victoria овозможува брз пристап до некои услуги и се употребува за најавување на локации со скенирање на QR-код. Може да ја прикаже вашата потврда за вакцинација, а се додаваат и други опции за идентификација.

Можете да разговарате со Vicky за помош

За да добиете помош на интернет-страницата Service Victoria, можете да разговарате со Vicky, виртуелниот помошник за услуга на клиенти. Кликнете на копчето Побарај помош од Vicky (Ask Vicky for Help) во долниот десен дел на интернет-страницата Service Victoria.

На други интернет-страници за владини услуги побарајте ја врската Повикајте нѐ (Call Us) за да најдете список со телефонски броеви на кои можете да се јавите кога ви треба помош.

Складирање на вашите податоци на Service Victoria

Можете да ги складирате вашите податоци (Store your details) на Service Victoria, така што ќе напишете service.vic.gov.au/account во лентата за пребарување на вашиот прегледувач. Исто така, ќе добиете опција да складирате податоци кога ќе завршите некоја трансакција. За да складирате податоци:

  • дадете адреса на е-пошта
  • изберете силна лозинка
  • дадете број на мобилен телефон за да добиете код за пристап преку текст.
Кога ја создавате вашата сметка, можете да изберете силна лозинка за да ја заштитите. Бидете сигурни дека не користите лозинка што ја употребувате за друга услуга или сметка.

Вашата информациска табла на Service Victoria

Откако ќе ги складирате вашите податоци, Најавете се (Log in) на страницата наречена Мојата информациска табла (My Dashboard). За да се најавите:

  • кликнете на копчето Најавете се (Log in) што се наоѓа во горниот десен дел на страницата
  • напишете ја адресата на е-пошта и лозинката.

На почеток оваа страница ќе биде воглавно празна. Можете да изберете вашите трансакции да се појавуваат на информациската табла.

Информациската табла служи за да ви олеснува и не задржува важни лични податоци, освен бројот на вашиот мобилен телефон.

Како да го користите менито за најавување на Service Victoria

Кога сте најавени на Service Victoria, можете да го видите копчето Најавен/а (Logged in) во горниот десен дел на страницата. Кликнете на него за да видите едно паѓачко мени:

  • Мојата информациска табла (My dashboard) ве враќа назад на страницата Мојата информациска табла (My dashboard).
  • Моите поставки (My settings) ви овозможуваат да ја измените е-поштата или лозинката што ја употребувате за да се најавите и да ги ажурирате деталите за контакт
  • Моите методи за плаќање (My payment methods) ви овозможуваат да зачувате кредитна картичка или друг метод за плаќање за да вршите плаќања побрзо
  • Мојата историја на трансакции (My transaction history) појажува список со транскациите што сте ги извршиле на Service Victoria.

Можете да изберете кои податоци се споделуваат

Service Victoria ви овозможува да изберете кои податоци се споделуваат меѓу неа и други владини агенции. Кога вршите трансакција можете да изберете дали ова ќе се зачува или не на Информациската табла.

Понекогаш ќе бидете пренасочени на друга интернет-страница за да извршите некоја трансакција. За да се вратите на претходната интернет-страница, можете да кликнете на копчето Назад (Back button) во горниот дел на прегледувачот или да ја напишете адресата.

Основни услуги до кои можете да пристапите преку Service Victoria

За да пристапите до некоја услуга, кликнете на Најди услуги (Find services) што се наоѓа во горниот дел на страницата, а потоа изберете категорија од паѓачкото мени. Некои примери за услуги до кои можете да пристапите вклучуваат:

  • транспорт и возење
  • лични
  • домување и имот
  • кривични дела и закон

што да правите ако се загубите

Ако не сте сигурни каде се наоѓате во локацијата на Service Victoria:

  • кликнете на симболот на Service State Government во горниот лев агол на страницата за да се вратите на почетната страница на Service Victoria.
  • Кликнете на копчето Најавете се (Log in) или Најавен/а (Logged in) за да ја видите информациската табла.

Проверка на цените на горивата со RACV

Кралскиот автомобилски клуб на Викторија (RACV) обезбедува една практична бесплатна услуга за проверка на цените на горивата на racv.com.au. Можете да ги видите цените на горивата на интерактивна карта и да го внесете вашиот поштенски број за да ги видите цените во ваша близина.

Освен највисоките, најниските и просечните цени, RACV дава и една корисна цена над која не треба да го плаќате горивото (don’t pay above).

Како да ја користите VicRoads за сѐ што е поврзано со патиштата

За сѐ што е поврзано со вашата викториска возачка дозвола, посетете ја vicroads.vic.gov.au.

Освен да ја платите регистрацијата електронски и да ја обновите вашата дозвола, можете:

  • да примате Предупредувања за прекини во сообраќајот (Disruption alerts) (за работи на патишта и големи сообраќајни несреќи)
  • да ги проверувате сообраќајните правила (road rules)
  • да го кажете вашето мислење (Have your say) за нови сообраќајни проекти.

Посета на Seniors Online Victoria

За да дознаете како да добиете пензионерска карта, посетете ја seniorsonline.vic.gov.au. Оваа локација исто така има Директориум за попусти (Discount Directory) што ви овозможува да пребарувате попусти и понуди од бизниси низ Викторија.

Како да наоѓате попусти на интернет-страници за владини услуги

Голем број интернет-страници за владини услуги на Викторија имаат врски за попусти на нивните почетни страници. Service Victoria има дел на почетната страница наречен Пријавете се и купете (Apply and Buy). Попустите се појавуваат тука, па проверувајте ги редовно.

Некои други владини интернет-страници имаат попусти и олеснувања, вклучувајќи:

  • Викториската интeрнет-страница за енергетска заштеда (Victorian Energy saver website) за да дознаете за Пакетот за енергетска заштеда на домаќинставата на Викторија (Victoria’s Household Energy Savings Package) или за да добиете енергетска проценка за домот со Scorecard (Get a home energy assessment with Scorecard
  • ptv.vic.gov.au за сѐ поврзано со јавниот превоз. Дознајте за картичките Myki (Myki cards), добијте попусти и дознајте за Надоместоци и компензација (Refunds and Compensation).

Како да најдете загубени пари

Интернет-страницата на Државната даночна служба (State Revenue Office website) може да ви помогне да најдете и да побарате загубени пари. На почетната страница на SRO побарајте го Викторискиот регистар на непобарани пари (Victorian Unclaimed Money Register) и потоа Пребарајте го регистарот (Search the register) за непобарани пари.

Можеби ќе ви биде полесно да ја најдете соодветната страница користејќи ја Service Victoria. На Service Victoria:

  • кликнете на Најди услуга (Find a service)
  • кликнете на Лична (Personal)
  • кликнете на врската под делот Непобарани пари (Unclaimed Money). Ова ќе ве однесе на соодветната страница на SRO.

Како да добиете список со сите интернет-страници на Викториската влада за услуги

Можете да најдете список со сите услуги на Викториската држава во Директориумот на Викториската држава (Victorian Government directory).